ПСЖ нема да ја реконструира одбраната: Маркињос продолжи до 2028

Додека главна тема во таборот на ПСЖ се заминувањата на играчите, меѓу кои и Лионел Меси, тимот ги продолжува договорите со одбранбените играчи. Така Маркињос, еден од столбовите на одбраната на парискиот тим го стави потписот на договорот до 2028 година.

Со тоа ПСЖ докажува дека нема намера да ја растури одбраната, додека во нападот се очекуваат големи промени кои ќе почнат уште од ова лето.

Во ПСЖ во следниот период ќе се знае и иднината на Нејмар, додека се поизвесно е дека Лионел Меси ќе се врати во Барселона, и ќе си оди од Париз. Од Париз веројатно ќе си замине и Марко Верати, а речиси сигурно заминува и Мауро Икарди, кој е на позајмица во таборот на Галатасарај.

Се вчитува...