ПСЖ нема ни малку милост: Мбапе, Кавани и Нејмар со „деветка“ за Гингамп

Фудбалерите на ПСЖ, пред се ударната напаѓачка тројка Мбапе-Кавани-Нејмар, не покажаа ниту најмала милост против „фенерџијата“ Гингамп победувајќи со 9-0 во 21. коло од Лига 1.

Три гола на мечот запишаа Мбапе и Кавани, два постигна Нејмар а еден остана за Мение…, за најголемата победа сезонава на францускиот шампион.

 

ПСЖ е убедливо прв и на табелата во Франција со 13 бода повеќе од второпласираниот Лил.

Се вчитува...