ПСЖ немаше милост против Клермон (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен славеше со убедливи 1-5 на гостувањето кај Клермон во 31. коло од француската Лига 1.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Нејмар уште во шестата минута, а веќе во 19. минута 0-2 со погодокот на Мбапе. До крајот на првиот дел домаќините успеаја да намалат на 1-2 преку Досу во 42. минута.

Во второто полувреме му се случи целосен потоп на Клермон. Прво Нејмар од пенал во 71. минута зголеми на 1-3. Само три минути подоцна беше 1-4 со голот на Мбапе. Истиот играч зголеми на 1-5 во 80. минута, додека конечните 1-6 ги постави Нејмар во 83. минута.

 

 

Се вчитува...