Европскиот шампион ПСЖ ќе ги засили своите напаѓачки редови, по заминувањето на Гонзало Рамош во Милан. Токму од тука парискиот тим има потреба од голгетер, а наводно изборот паднал на белгискиот репрезентативец Шарл де Кетеларе.
Белгиецот имаше добри настапи на Мундијалот за својата селекција, и би можел да биде новата аквизиција на тимот на Луис Енрике.
Де Кетеларе моментално е дел од Аталанта, а во минатото играше за Милан. Неговата предност е тоа што може да игра и како офанзивен играч за врска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
