По уште една сезона во која не успеаја да направат добар резултат во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен следната сезона на клупата сака да го доведе Рафаел Бенитез.
Томас Тухел најверојатно ги брои последните денови на клупата на „светците“, по големиот кикс во финалето од купот на Франција, во кој по изведувањето на пеналите ја загубија титулата. Главен кандидат за негова замена е Рафаел Бенитез, кој во моментов е тренер на Њукасл.
Шпанецот Лигата на шампионите ја освои со Ливерпул во 2005 година во легендарното истанбулско финале, во кое неговиот тим на полувреме против Милан имаше негатива од три гола.
?? Mercato – Le #PSG et l’OM pensent à Rafael #Benitez, selon le Mirror
➡ Plus d’infos ici : https://t.co/4t5qytuS7x pic.twitter.com/M0wcaGtYva
— ParisFans (@ParisFansfr) April 28, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА