ПСЖ новиот тренер го најде во Англија

ПСЖ имаше уште една сезона за заборав откако не успеа да ја достигне главната цел, пласман во финалето од Лигата на Шампионите. На „светците“ не им помогна триото Меси-Мбапе-Нејмар кое најверојатно нема да биде заедно следната сезона, а во подготовките за „нова ера“ во клубот раководството на тимот на ум има само еден тренер – Микел Артета.

Катарските газди се презадоволни од младиот стратег кој оваа сезона е блиску до титула во Премиерлигата со Арсенал па на лето ќе тргнат со сите сили по негов потпис.

Артета по крајот на играчката кариера заплива во тренерските води каде како ментор го имаше Пеп Гвардиола, а искуството со шпанскиот стратег во Манчестер Сити му ги отвори вратите и за самостојна работа во најголемите европски гиганти.

Се вчитува...