ПСЖ од трет обид го освои Стразбур

ПСЖ стигна до нови три бода во францускиот шампионат откако „светците“ по голема борба славеа на гостувањето против Стразбур со 1-2. Станува збор за стадион на кој ПСЖ во претходните две години не успеваше да стигне до цел плен ремизирајќи со незгодниот ривал, но избраниците на Луис Енрике вечерва беа подобар противник на теренот и заслужено стигнаа до трите бода.

Триумфот можеше да биде најавен многу рано откако Коло Муани беше соборен во шеснаесетникот, но пеналот на Мбапе беше запрен од голманот Беларуш. Тој од херој се претвори во трагичар десетина минути подоцна, кога во обид да исфрли една топка го погоди Асенсио, таа стигна до Мбапе, кој немаше проблем од работ на шеснаесетникот да ја смести во празната мрежа.

ПСЖ го контролираше мечот,па во вториот дел поведе и со 0-2 со контранападот што во гол го претвори Марко Асенсио. Стразбур успеа да намали на 1-2, домаќините потоа во судиското продолжение имаа и стопроцентна шанса што не ја реализираа, па бодовите од овој меч заминаа за Париз.

Се вчитува...