Францускиот шампион Пари Сен Жермен и официјално го промовираше 24-годишниот аргентински интернационалец Леандро Паредес.
Паредес во Париз пристигнува од руски Зенит за сума од 40 милиони евра, потпишувајќи договор „светците“ до јуни 2023 година.
Французите успеаја да го „грабнат“ аргентинскиот фудбалер пред Челси кој беше пред договор со Паредес, дури и прецизираше оштета со Зенит, но самиот Аргентинец го одбрал ПСЖ.
„Среќен сум што сум во средина како ПСЖ. Ова е шанса на кариерата која не сакам да ја пропуштам. Верувам дека ќе стигнам до многу европски трофеи со ПСЖ во иднина“ – изјави Паредес на официјалната промоција во новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА