Нов проблем за францускиот првак Пари Сен Жермен. Бразилскиот ас Нејмар заработи повреда на десниот скочен зглоб и не можеше да го продолжи натпреварот против Башакшехир во Лигата на шампионите. На негово место во игра во 25.минута влезе Пабло Сарабија.
Нејмар долго се мачеше со повреди, се врати и одигра на почетокот на сезоната во Франција, но сега најверојатно ќе мора да паузира одреден период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА