ПСЖ освои три бода, но го загуби Мбапе

ПСЖ се врати на победнички патеки во францускиот шампионат славејќи со 1-3 на гостувањето против Монпелје. Иако задоволни од бодовите, „светците“ загрижени ќе се вратат назад во Париз, по повредата што во првото полувреме ја заработи Килијан Мбапе, на две седмици до првиот осминафинален дуел од ЛШ против Баерн Минхен.

Мбапе беше во главна улога во првото полувреме, откако промаши два пенали (првиот пат не беше успешен, по што судијата одлучи пеналот пак да биде изведен, но Мбапе уште еден се посрамоти). По дваесетина минути игра неговата агонија уште повеќе се зголеми откако заработи повреда на мускулот и со наведната глава го напушти теренот.

Фабијан Руиз беше херојот на ПСЖ на вечерашниот фудбалер, откако екс-фудбалерот на Наполи одлично се снајде постигнувајќи гол за 0-1, пред маестрално да му асистира на Меси при вториот гол за „светците“. Монпелје во самиот финиш намали на 1-2 преку Нордин, за 16-годишниот Заир-Емери во судиското продолжение да ги постави конечните 1-3.

Ленс од второто падна на третото место на табелата откако загуби на домашен терен од Ница, прв неуспех по десетте победи во низа на овој тим пред своите гледачи. Лабордбеше стрелец на единствениот погодок за Ница во 87. минута од натпреварот.

Рен лесно и убедливо го совлада Стразбур со 3-0, Монако по голема борба славеше над Оксер со 3-2, додека Лион ремизираше 0-0 пред своите гледачи против Брест.

ПСЖ останува лидер на табелата, но сега со нешто поголема предност во однос на ривалите, „светците“ имаат 51 бод, пред Олимпик Марсеј со 46 и Ленс со 45 бода.

Се вчитува...