ПСЖ пак ќе тргне по Скубе

Егзодусот на „вардарци“ ќе продолжи и во наредниот период, а лоша вест за актуелниот македонски и европски првак е што ПСЖ повторно будно ја следи ситуацијата во таборот на „црвено-црните“, со намера да испрати понуда за Сташ Скубе.

Словенечкиот бек e најзвучното име што остана во таборот на Вардар, а во ситуација кога е слободен без никаква отштета Скубе со право е интересен за бројни европски гиганти, меѓу нив и најбогатиот ракометен колектив на „Стариот континент“. Тој се најде на листата со желби на Раул Гонзалес и минатата сезона, се шпекулираше со договор од лето 2019 или 2020, но на крајот Скубе реши да остане во Вардар.

Сепак, сега ситуацијата е поинаква, Вардар тоне во дупка без дно од која секој го бара спасот. Тиражниот весник „Л’Екип’ најавува дека „светците“ се подготвени да го искористат тоа и повторно да тргнат во офанзива по Скубе. Впрочем, тие летово ќе останат без Сандер Сагосен (оди во Кил), а тренерот Раул Гонзалес во Скубе гледа идеален наследник на норвешката ракометна суперѕвезда.

Се вчитува...