ПСЖ плаќа 45 милиони евра за „бисерот“ на Лион

ПСЖ ќе го заокружи преодниот рок со нов трансфер буквално во последниот ден откако „светците“ постигнаа договор со Лион за „бисерот“ на оваа екипа, 20-годишниот офанзивец Бредли Баркола.

Станува збор за играч кој важи за огромен талент, за неговите услуги веќе подолго време се интересираше и Челси, но пресудна се покажа желбата на самиот фудбалер да замине во ПСЖ, откако јасно стави до знаење дека нема намера во овој момент од кариерата да се пресели во Премиер-лигата. „Светците“ го искористија тоа за да влезат во завршни преговори и синоќа конечно да добијат зелено светло за трансфер, откако Лион ја прифати понудата од вкупно 45 милиони евра.

Баркола во текот на ноќта допатувал од Лион во Париз, па по лекарските прегледи денеска и официјално ќе потпише петгодишен договор со актуелниот шампион на Франција.

Очите во ПСЖ денеска сепак ќе бидат насочени кон Килијан Мбапе, дали францускиот голгетер на последниот ден од преодниот рок ќе се пресели во Реал Мадрид или ќе остане во Париз и следното лето без никаква отштета ќе го напушти клубот.

Се вчитува...