ПСЖ планира нов мегатрансфер: Гризман за 150 милиони евра доаѓа во Париз

Францускиот првак Пари Сен Жермен „гази“ се пред себе во домашниот шампионат, но не оди така глатко во Лигата на шампионите. Наполи беше на чекор до триумф во Париз, а Анхел Ди Марија во последните мигови од мечот го спаси тимот од пораз. Тоа го запали алармот кај раководството, кое бара ново големо засилување за летниот преоден рок. Тоа треба да биде францускиот репрезентативец Антоан Гризман.

Пари Сен Жермен е подготвен да плати 150 милиони евра за да го доведе напаѓачот на Атлетико Мадрид во своите редови. Тренерот Томас Тухел смета дека тој би бил идеален за да се вклопи со Нејмар и со Килијан Мбапе во убиствено трио за следната сезона. Ова значи дека Единсон Кавани најверојатно ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...