ПСЖ победи, но остана без уште една „ѕвезда“

ПСЖ прескапо ја плати победата од 1-0 над Бордо во француското првенство, откако Томас Тухел по Нејмар остана без уште една напаѓачка ѕвезда во својот тим. Станува збор за Единсон Кавани, кој го постигна победничкиот гол од пенал во 42. минута, но на крајот од полувремето го напушти теренот држејќи се за мускулот.

Тој не можеше да го продолжи натпреварот и мораше да биде заменет со Мбапе на стартот од вториот дел, но јасно е дека кај Тухел многу поголема е нервозата за повредата на Кавани отколку задоволството за новите три бодови, со оглед на фактот дека мечот со Манчестер Јунајтед е на програмата за три дена, а ПСЖ од своето „трио фантастико“ во нападот во тимот на „Олд трафорд“ ќе го има само Мбапе.

 

 

Се вчитува...