ПСЖ победи, но остана и без Чупо Мотинг (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен стигна до втората победа сезонава во француската Лига 1, откако нагости со 0-2 го совлада Мец.

„Светците“ уште во првото полувреме го решија победникот со головите на Анхел ди Марија од пенал во 11. минута и Чупо Мотинг во 43. минута.

Во второто полувреме нов проблем за Томас Тухел беше повредата на Чупо Мотинг, на чие место влезе Хесе Родригез кој го одигра првиот натпревар за тимот по 2016 година.

Со победата Пари Сен Жермен се израмни на врвот на табелата со Рен со по девет бода, но и со натпревар повеќе. Мец останува тринаесетти со 4 бода.


Се вчитува...