ПСЖ подготви 75 милиони евра за Рашфорд

ПСЖ ќе биде активен на пазарот во обид да состави нова напаѓачка сила по заминувањето на Килијан Мбапе, а „светците“ веќе најавија дека нема да жалат пари за да доведат врвни засилувања на „Паркот на принцовите“.

Веќе е воспоставен прв контакт со Луис Дијаз од Ливерпул, но шопингот на ПСЖ во Премиер-лигата ќе продолжи откако денеска беше обелоденето дека францускиот првак е подготвен да тргне во офанзива по Маркус Рашфорд. Голгетерот на Манчестер Јунајтед лани играше во животна форма, сезонава е далеку од посакуваниот ритам, но во ПСЖ се убедени дека ќе успеат да го извлечат најдоброто од Рашфорд, па веќе е подготвена и понуда од 75 милиони евра што ќе биде испратена до англискиот гигант.

Останува да се види реакцијата на „црвените ѓаволи“, особено ако се знае дека новиот косопственик Ретклиф најави дека е неопходна ревизија на примањата на преплатените фудбалери кои не ги оправдале очекувањата во изминатите години. Рашфорд не се најде на првичниот „список за отстрел“, но во ситуација кога Јунајтед ќе може добро да заработи, а воедно и да се откачи од неговата плата од огромни 350.000 фунти неделно, лесно може да се случи „црвените ѓаволи“ да дадат зелено светло за трансфер и потоа парите да ги реинвестираат во нов голгетер.

Се вчитува...