ПСЖ подготвува нов договор, Нејмар ќе биде најплатен во светот?

Францускиот првак Пари Сен Жермен подготвува нов договор за Бразилецот Нејмар. Тоа треба да биде комплетен пресврт во целата приказна со оглед дека летоска требаше да го напушти клубот. Нејмар пред помалку од две години потпиша за ПСЖ во рекорден трансфер вреден 222 милиони евра и годишна плата од 36 милиони евра. Само Лионел Меси, со заработка од 50 милиони евра, е подобро платен од него, па сега „светците“ ќе му понудат вистинско богатство за да го убедат и понатаму да остане во Париз.

Како што откриваат француските медиуми, Пари Сен Жермен е подготвен да издвои 55 милиони евра годишно за Нејмар надевајќи се дека тој ќе се откаже од намерата да се врати во Шпанија. Изминатото лето мина во жестока „војна“ меѓу фудбалерот и раководството на ПСЖ, но на крајот тој не успеа да направи трансфер во Барселона или во Реал Мадрид, шпанските гиганти кои беа заинтересирани за неговиот потпис.

 

Се вчитува...