Францускиот првак Пари Сен Жермен се вклучи во трката за Пауло Дибала. Аргентинецот го одби Манчестер Јунајтед затоа што англискиот клуб нема да настапува во Лигата на шампионите претстојната сезона, а неговиот агент постави неверојатни услови. Но, со ПСЖ преговорите би можеле да се одвиваат многу поинаку.
„Светците“ понудија 60 милиони евра и се надеваат дека Јувентус ќе даде позитивен одговор бидејќи Маурицио Сари не смета сериозно на Аргентинецот за новата сезона. Дибала исто така сака да замине, но да продолжи да игра на врвно ниво, а истовремено и богато да заработува. Тие негови апетити секако може да ги задоволи Пари Сен Жермен кој е подготвен да му даде 15 милиони евра годишна плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА