ПСЖ: Постои шанса Мбапе да остане во клубот и во иднина

Светските медиуми се уверени дека Килијан Мбапе ова лето ќе го замени дресот на ПСЖ за оној на Реал Мадрид, но клубот од „Паркот на Принцевите“ нема да се откаже од својот фудбалер се додека не стави потпис за друг клуб.

Последните инфорамции поврзани со ПСЖ и Французинот велеа дека 23-годишникот ја одбил и последната понуда од 50 милиони евра годишни примања и бонус од 100 милиони за потпис на нов договор, но овие инфорамции сега ги отфрли спортскиот директор Леонардо.

„Не е вистина дека му нудиме 50 милиони евра по сезоната. Сеуште немаме пратено конкретна понуда, а последно нешто ќе биде финансиската сума во договорот. Сакаме да му дадеме најдобри услови за тој да биде најдобриот играч на светот. Се повеќе сум уверен дека Мбапе сака да остане. Во минатото француските фудбалери сакаа да играат во странство и не е случајно зошто на СП во 1998 година сите во репрезентацијата играа во странски првенства, слично беше и во 2018 година, но досега немало клуб како ПСЖ во Франција“, вели Бразилецот кој тоа додаде:

„Не можам да ви кажам со сигурност колкави се шансите за Мбапае да остане, но тие постојат. Се додека не стави потпис за друг клуб ние ќе се обидеме да направиме се што можеме за да го задржиме“.

Се вчитува...