ПСЖ потврди: Нејмар ќе биде надвор од терените два месеци

Пари Сен Жермен потврди дека Нејмар ќе отсуствува од терените шест до осум недели поради повреда на скочниот зглоб на левата нога.

Бразилскиот фудбалер би можел да се врати во тимот во средината на јануари или дури во февруари. Нејмар се повреди во 87. минута од натпреварот против Сент Етјен. Во еден дуел тој застана на ногата на Иван Мејсон, а потоа си го искриви скочниот зглоб. Тој го напушти теренот на носилки.

„Тестовите направени во неделата вечерта потврдија дека има оштетување на лигаментите на левиот зглоб. Затоа Нејмар ќе биде надвор од терените шест до осум недели. За 72 часа ќе бидат направени нови тестови за прецизно да се утврди тежината на повредата“, се наведува во соопштението.

Бразилецот оваа сезона постигна три гола, со исто толку асистенции, на десет натпревари од Лига 1.

 

 

 

Се вчитува...