Повредата на стапалото ќе го одалечи Нејмар од фудбалските терени 10 седмици. Пари Сен Жермен во официјално соопштение ја потврди сериозноста на повредата на бразилската ѕвезда. Во објавата се вели дека бил формиран специјален медицински тим кој направил проценка на состојбата и кој констатирал дека Нејмар ќе мора да отсуствува подолго.
Бил одреден специјален протокол за санирање на повредата кој играчот го прифатил, стои во соопштението.
Нејмар ќе пропуште голем дел од сезонатаа за ПСЖ, а нема да биде дел од тимот и во осминафиналните пресметки од Лигата на шампионите против Манчестер Јуанјтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА