Хулијан Алварез е идеалното засилување за Барселона кога станува збор за потрагата за наследник на Роберт Левандовски, но последните информации говорат дека каталонците ќе останат со празни раце во трката по Аргентинецот.
Европскиот првак ПСЖ е главен фаворит за потписот на аргентинскиот голгетер откако „светците“ веќе имале разговори и со агентот на Алварез и со раководството на Атлетико на оваа тема. Мадридскиот клуб не сака да го продаде својот најдобар стрелец, но доколку тој инсистира на трансфер тогаш Атлетико во преден план ќе ги има понудите надвор од Шпанија. Згора на тоа, мадридскиот клуб почна војна со Барселона поради медиумските шпекулации околу Алварез, јавно осудувајќи го однесувањето на управата на каталонскиот гигант.
Барса е подготвена да понуди 100 милиони евра, понудата на ПСЖ ќе изнесува најмалку 120 милиони евра, но „светците“ најпрвин ќе се обидат да се договорат со самиот фудбалер пред да тргнат во завршна офанзива за договор со Атлетико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
