ПСЖ продолжува со засилувањата: Асот на Порто пред вратите на Париз

ПСЖ беше во сенка на трансфер пазарот поради сагата поврзана со Килијан Мбапе, но на „Паркот на принцевите“ напорно се работи за доведување на нови засилувања. А, откако „светците“ успеаја да го ангажираат Нуно Мендеш, блиску до потпис е и Витор Фереира.

Парискиот клуб за 22-годишниот Португалец кој претходната сезона постигна четири гола и забележа пет асистенции ќе издвои 40 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Интересно, неговиот поранешен клуб Вулверхемптон имаше опција да го откупи за 20 милиони евра, но англискиот гигант одлучи да не ја активира истата.

Се вчитува...