ПСЖ прокоцка 2-0, па со евро-гол во финишот го победи Атлетико Мадрид

ПСЖ и Атлетико Мадрид одиграа фантастичен натпревар во кој на победата на крајот се радуваше францускиот првак, славејќи со 3-2 со голот што во 92. минута го постигна младиот Постолаки.

„Светците“ имаа предност од 2-0 со погодоците на Нкунку и на Диаби, но Атлетико успеа да се врати по една слаба интервенција на Трап за гол на Молјехо, потоа и автогол на Бернеде. И кога се чинеше дека и овој како и многу други пријателски натпревари ќе биде решен на пенали, на сцена стапи Постолаки, кој со прецизен удар од работ на шеснаесетникот им донесе радост на „светците“.

Се вчитува...