ПСЖ распродава бодови: Пораз од Лориен во Париз (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ очигледно не чезнеат што побрзо да ја осигураат новата шампионска титула во Лига 1, запишувајќи уште еден пораз во 33. коло од француското првенство.

Меси и компанија сега загубија во Париз од Лориен со 1-3, најавувајќи ја победата уште во 15. минута со голот на Ле Фи.

Килијан Мбапе го постигна најсмешниот гол во својата кариера по неверојатната грешка што ја направи голманот на Лориен, Ивон Мвого. Швајцарскиот голман ја спушти топката на земја не забележувајќи дека Мбапе му е во непосредна близина, а Французинот знаеше како да го искористи подарокот и да ја смести во празната мрежа.

Во второто полувреме Лориен со голот на Диенг во 89. минута ја запечати победата од 1-3.

Се вчитува...