ПСЖ рутински против Лил (ВИДЕО)

Актуелниот француски шампион Пари Сен Жермен стигна до нова победа во Лига 1, откако вечерва на домашен терен го совлада Лил со 2-0.

Победникот беше решен уште во првото полувреме со головите на Мауро Икарди во 17. минута и Анхел ди Марија во 31. минута. Со победата „светците“ стигнаа до 33 бода, односна 11 повеќе од Олимпик Марсеј кој има и натпревар помалку од нив.

 

Се вчитува...