ПСЖ сака да го купи Николас Отаменди

Францускиот првак Пари Сен Жермен во летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира аргентинскиот интернационалец Николас Отаменди од Манчестер Сити. Дефанзивецот оваа сезона добива многу помала минутажа од менаџерот Пеп Гвардиола, а тренерот на „светците“, Томас Тухел, сака тоа да го искористи и да го доведе на „Паркот на принцовите“.

За Отаменди е заинтересиран и неговиот поранешен клуб Валенсија, но амбициозноста на ПСЖ треба да биде голем адут за Тухел за да го доведе во Париз.

Се вчитува...