ПСЖ сака да го отпушти Покетино?

Според „Ле Паризиен“, ПСЖ имал намера го опушти тренерот Маурицио Покетино во зимскиот преоден рок, но откако наводно добиле „не“ од Зинедин Зидан, и не можеле да најдат негова замена, се решиле да го остават.

Поразот од Ница во Купот на Франција одново ја отвори дилемата на француската јавност, дали Покетино ќе стане поранешен.

Но, веројатно смената ќе се случи на крајот од сезоната, или во следниот „кикс“ на клубот во Лигата на шампионите, кој е единствен приоритет на екипата, со оглед дека речиси повеќе од сигурно е дека ќе ја освои титулата во Франција.

Како што пренесува „Ле Паризиен“, раководството веќе му соопштило на Аргентинецот дека сигурно заминува на лето. Доказ за тоа наводно биле недоведувањето на Ндомбеле. Наводно Покетино го барал, но на крајот желбата не му била исполнета, па играчот заминал во Лион.

За потсетување, ПСЖ ќе игра против Реал Мадрид во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Доколку се случи да испадне, тогаш веројатно Покетино ќе биде сменет од клупата.

Се вчитува...