ПСЖ сака да купи резерва на Јувентус

Францускиот првак Пари Сен Жермен изрази желба за ангажман на резервен фудбалер на Јувентус, откриваат медиумите на Апенините. Се работи за Матија де Шилјо, десниот бек на „старата дама“ кој оваа сезона одигра само 105 минути во тимот на Маурицио Сари. Најчесто е на клупата за резерви или на трибините кога неговите соиграчи играат првенствени натпревари во Серија А.

Тренерот на „светците“, Томас Тухел, сака да ја засили конкуренцијата на десната бековска позиција, посебно откако се повреди Тило Керер. Сега како опции ги има Колин Дагба и Томас Муние.

Тухел го посакува Де Шилјо бидејќи би можел да го користи и на левата бековска позиција во одредени ситуации, а таму го има само Хуан Бернат како вистинска опција. ПСЖ е подготвен да плати 10 милиони евра за да го доведе италијанскиот фудбалер на „Паркот на принцовите“.

 

Се вчитува...