ПСЖ се изнамачи, но стигна до три бода на гостувањето кај Сент Етјен

ПСЖ стигна и до тринаесеттата победа во Лига 1 откако на гостувањето кај Сент Етјен во 15. коло славеше со 1-3. Домаќините први дојдоа до предност откако во 25. минута Буанга ја затресе мрежата на Донарума, но останаа со играч помалку во 45. минута откако директен црвен картон доби Колоџијчак.

Тоа го искористија гостите од главниот град кои преку Маркињос во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме стигнаа до изедначување, а потоа направија и целосен пресврт во второто полувреме со головите на Ди Марија во 79. минута и Маркињос кој повторно стрелаше во судиското продолжение. Интересно на сите голови им претходеше асистенции на Лео Меси.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...