ПСЖ се пофали со голман од Мадагаскар, 18-годишник е дел од тимот на „светците“

Тимот на Пари Сен Жермен потпиша прв професионален договор со тинејџер голман од Мадагаскар. Нов член на сениорскиот тим на „светците“ е 18-годишниот Матиас Рандриамами, кој доби прва соработка со францускиот гигант.

Меѓу „дрим-тимот“ тинејџерот доаѓа од младинскиот тим на ПСЖ, а договорот на двете страни трае до јуни 2024 година.

Минатата сезона овој голман неколку пати беше повикан меѓу сениорите, но само на тренинзи. Во Рандриами се гледа голем голмански потенцијал и идна „единица“ на францускиот фудбалски гигант кој во моментов е полн со ѕвезди.

Се вчитува...