Повредата што Нејмар ја заработи на дуелот меѓу ПСЖ и Стразбур е многу сериозна и бразилскиот ас поради неа речиси сигурно нема да може да се врати на терените до крајот на оваа сезона. „Светците“ се надеваа дека нивниот најскап фудбалер ќе може да помогне во клучниот дел од сезоната, но резултатите од лекарските прегледи се разочарувачки за францускиот шампион.
„Веќе е сигурно дека Нејмар нема да игра до крајот на март, но сериозна е и дилемата дали тој ќе може да се врати до крајот на оваа сезона. Ако оди на операција, тоа ќе значи пауза до јуни, а според прогнозите во моментов, 90% се шансите дека Нејмар ќе мора да оди „под нож“ за да се рехабилитира“ – пишува влијателниот француски весник Л’Екип.
Станува збор за обновување на истата повреда поради која Нејмар ги пропушти последните два месеци од ланската сезона, кога без негова помош ПСЖ беше елиминиран од Лигата на шампионите од Реал Мадрид. Лесно може да се случи и дуелот со Стразбур да биде последен за Нејмар во дресот на „светците“ од Париз, со оглед на најавите дека Реал Мадрид и Барселона најавуваат трка за да го доведат бразилскиот ас во своите редови во летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА