ПСЖ се впушти во трката за Матијс де Лигт

Францускиот првак Пари Сен Жермен влезе во трка за ангажман на младиот дефанзивец на Ајакс, Матијс де Лигт. Тој е еден од најпосакуваните одбранбени фудбалери во светот и е на радарот на најголемите клубови. Најсериозен интерес за него покажа Барселона, но очигледно дека и Томас Тухел, тренерот на „светците“, посакува да го види во ПСЖ од следната сезона.

Холандските медиуми навестуваат дека тој најверојатно ќе оди по стапките на Френки де Јонг, неговиот соиграч од Ајакс кој веќе се одлучи да потпише за Барселона, но Пари Сен Жермен му нуди и подобри финансиски услови само за да се премисли и да замине на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...