ПСЖ сериозно загреан за Осимен

Екипата на ПСЖ е решена за идната сезона да ангажира елитен напаѓач, а според информациите од Франција, нивниот избор наводно паднал на одличниот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен. Иако беше поврзуван со Манчестер Јунајтед и со Баерн Минхен, се чини дека ПСЖ сериозно е загреан да го добие потписот на Нигериецот, кој е еден од заслужните за успехот на Наполи сезонава.

ПСЖ веројатно ќе остане без Меси и Нејмар во идната сезона, па сака да го реши прашањето во нападот. Цената на Осимен изнесува околу 100 милиони евра, што не е проблем за богатиот француски клуб, а згора на тоа ќе заработи нешто од продажба на Нејмар.

Осимен оваа сезона блесна во дресот на Наполи. Тој пристигна во Неапол во 2020 година од Лил за 75 милиони евра. Оваа сезона постигна 26 голови во 32 меча за „наполитанците“.

Се вчитува...