ПСЖ шоу против Амиен

Францускиот првак во победнички стил ја заокружи 2019 година убедливо совладувајќи го Амиен со 4-1 на „Паркот на принцовите“. Фановите имаа можност да видат вистинско шоу на Мбапе, Нејмар и Икарди кои постигнаа прекрасни голови.

Мбапе со лоб удар го отвори резултатот во десеттата минута, а Нејмар зголеми на 2-0 на самиот старт на второто полувреме. Мбапе во 65.минута уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а четвртиот гол беше дело на Мауро Икарди. Единствениот гол за Амиен го постигна Мендоза во 70.минута.

Олимпик Марсеј го совлада Ним со 3-1, а Монако беше убедлив и со 5-1 го декласира Лил на домашен терен. Бен Једер беше двоен стрелец во составот на „кнезовите“.

Се вчитува...