ПСЖ си поигра со Башакшехир – Нејмар направи нешто што на ниту еден друг не му успеало (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен стигна до убедлив триумф од 5-1 над Башакшехир во натпреварот кој вчера беше прекинат поради расистичкиот испад на четвртиот судија. Главен актер во победата беше Нејмар кој  стигна до 20 гол за ПСЖ во елитното натпреварување со што стана првиот фудбалер кој во два различни клуба успеал да стигне до оваа бројка.

Бразилскиот ас со еврогол донесе водство во 21. минута, а во 38. зголеми и на 2-0. До крајот на полувремето Мбапе од пенал го постигна третиот гол за „светците“.

Во вториот дел Нејмар во 50. минута зголеми на 4-0, по што следеше гол на Топал кој намали на 4-1. До крајот Мбапе во 62. минута ги постави конечните 5-1.

Се вчитува...