ПСЖ со бод ја освои 10-тата титула во Франција!

После една година пауза, титулата во француска Лига 1 се враќа во Париз, во редовите на ПСЖ. Парижаните ја оправдаа улогата на огромни фаворити, и не ја направија истата грешка од лани, кога сензационален првак стана тимот на Лил, и му ја украде титулата на очекуваниот освојувач.

На ПСЖ пред вечерашниот дуел му беше потребен само бод во дуелот со Ленс на домашен терен, со што успеаја да го освојат, иако имаа водство до 88 минута. Откако останаа со играч помалку гостите од Ленс, Лео Меси со убав гол во 68. минута донесе водство за ПСЖ. Во 88. минута, нововлезениот Жан ги шокираше домашните и не дозволија пораз на тешкото гостување.

Но, и покрај тоа што не победија, со овој бод ПСЖ стана првак на Франција.

Се вчитува...