ПСЖ со лекција за Кил се чекираше на Ф4

Ракометарите на Пари Сен Жермен му одржаа лекција по ракомет на германскиот Кил откако во реваншот на домашен терен го декласираа бундеслигашот со 32-29.

Првото полувреме изобилуваше со многу голови, игра која дефинитивно им одговараше на домаќините кои на пауза заминаа со позитива од плус два 17-15.

Избраниците на Раул Гонзалез фуриозно го стартуваа вториот дел, па некаде по 45 минути игра за првпат стигнаа и до највисоките плус пет (25-20).

До крајот „светците“ рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 32-29. Поранешниот „вардарец“, Даинис Криштопанс со шест гола беше прв стрелец во таборот на победникот, додека кај поразените Питер Оберви постигна пет.

Пари Сен Жермен на Ф4 турнирот во Келн му се приклучи на Магдебург кој денеска ја елиминираше полска Висла Плоцк. Фајна-фор турнирот во „Ланксес арената“ ќе се игра на 17. и 18. јуни.

Се вчитува...