ПСЖ со несекојдневна помош пред Сити – Сер Алекс Фергусон во хотелот на „Светците“ (ФОТО)

ПСЖ денеска од 21 часот ќе се обиде да ја надокнади негативата од 2-1 од првиот полуфинален дуел во Лигата на Шампионите против Манчестер Сити, и втора година по ред да се пласира во финалето на најсилното фудбалско натпреварување.

На избранците на Маурицо Покетино нема да им биде воошто лесно против мега-тимот на Пеп Гвардиола, но аргентинскиот стратег на клупата на „Светците“ во текот на вчерашниот ден имаше изненадувачка помош пред клучниот меч.

Имено, пред хотелот на парискиот состав беше затекнат Сер Алекс Фергусон. Фотографиите брзо се проширија на социјалните медиуми и ретко кој може да се посомнева дека станува збор за случајност со оглед на тоа што целиот хотел е закупен само за потребите на ПСЖ.

Се вчитува...