ПСЖ со парите од Нејмар го купува Роналдо?!

Кристијано Роналдо не е задоволен од досегашната соработка со Маурицио Сари, а ПСЖ планира да го искористи тоа и да го доведе Португалецот во своите редови.

„Светците“ очекуваат да заработат околу 200 милиони евра од продажбата на Нејмар, а потоа би платиле половина од оваа сума за да го доведат Роналдо. Целта е јасна – да се донесе играч кој знае како се освојува Лигата на шампионите, а за да се убеди Португалецот ќе му биде понудена плата од над 20 милиони евра по сезона во следните три години.

Јуве без многу размислување би прифатил понуда од 100 милиони евра, сума што пред неколку години ја плати за да го доведе Кристијано од Реал Мадрид. „Светците“ планираат да доведат и нов тренер за наредната сезона, одлука во која би го вклучиле и самиот Роналдо, се со цел да го убедат да се приклучи на проектот на „Паркот на Принцовите“.

Се вчитува...