ПСЖ со пресврт до нова победа во Лига 1 (ВИДЕО)

ПСЖ се измачи против тимот на Троа, откако на домашен терен славеше со 4-3, во натпревар од 13-то коло од француската Лига 1.

Натпреварот го отворија гостите преку Мама Балде, кој со волеј удар стрелаше прво водство во 3. минута. На домаќините им требаше време да се соземат по ваквото отворање на мечот, па Карлос Солер во 24. минута ја анулираше предноста на 1-1, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел Мама Балде повторно стапи на сцена, откако во 52. минута донесе ново водство, овојпат за 1-2. Радоста на Троа повторно кратко траеше, а сега Лионел Меси беше играчот кој го најави целосниот пресврт. По голот на Аргентинецот во 55. минута, во листата на стрелци за нов триумф се запишаа Нејмар во 62-та, додека Мбапе во 77. минута за 4-2. До крајот на мечот гостите за момент намалија и на 4-3, преку Палаверса, но немаа сили за нило какво изненадување.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...