ПСЖ со пресврт до победа над Анже (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен со пресврт успеа да слави со 2-1 на домашен терен против Анже во премиерниот натпревар од 10. коло во франуцската Лига 1. Гостите поведоа со голот на Фулџини во 36. минута. „Светците“ прво во 69. минута израмнија со голот на Данило, додека конечните 2-1 ги постави Килијан Мбапе од пенал во 87. минута.

Треба да се напомене дека Маурисио Покетино на овој меч не можеше да смета на дел од ѕвездите пред се Нејмар и Меси кои доцна синоќа ги играаа мечевите за своите репрезентации за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.

 

 

 

 

 

Се вчитува...