ПСЖ се соочува со огромен проблем на само 12 дена пред големото финале на Лигата на Шампионите против Арсенал, откако Усман Дембеле заработи повреда во последното коло од домашното првенство, во градското дерби со Париз.
Крилниот офанзивец цела сезона се мачи со најразлични повреди, но синоќа на теренот мина само 27 минути пред да биде заменет жалејќи се на болка во мускулот.
Тренерот Луис Енрике по мечот истакна дека е оптимист дека проблемот не е сериозен и Дембеле ќе биде „фит“ за мечот на сезоната против Арсенал закажан за 30 мај, но сите во ПСЖ со нетрпение ги очекуваат резултатите од деталните прегледи кои ќе покажат колку ќе изнесува паузата на големиот ас.
Овој 29-годишен фудбалер сезонава настапи на 39 средби во сите натпреварувања, при што постигна 19 голови и 11 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
