ПСЖ со разочарувачки пораз од Клермон ја прослави шампионската титула (ВИДЕО)

ПСЖ им приреди шок на своите навивачи и на простувањето на Меси и на Рамос, со пораз од Клермон на свој терен на крајот ја освои титулата во Франција. Парижаните иако важеа за големи фаворити од дуелот, сепак, на крајот запишаа пораз во сезоната во која ќе сакаат брзо да ја заборават, затоа што на првото место завршија со само еден бод предност пред Ленс.

Иако водеа со 2-0 со головите на Рамос и на Мбапе, сепак, Клермон успеа до полувремето да израмни, а во вториот дел да дојде и до победата. Сепак, тоа не ја расипа забавата на тимот од Париз кој го подигна шампионскиот пехар.

Инаку во првиот дел од мечот, ПСЖ играше со дресови на Серхио Рико кој се бори за живот по падот од коњ.

Разочарувачки крај на сезоната имаше и Олимпик Марсеј кој загуби од Ајачио на гостински терен. Ленс, пак, немаше милост кон Оксер, и го испрати во втората лига. Зaедно со Оксер во понизок ранг се селат и Ајачио, Троја и Анже.

Во групната фаза од ЛШ покрај ПСЖ оди и Ленс, додека Марсеј ќе игра во квалификациите за ЛШ. Во ЛЕ оди Рен, додека Лил ќе се натпреварува во Лигата на Конференции.

 

Се вчитува...