И кога се чинеше дека Лионел Меси со освојувањето на светската шампионска титула ќе има дополнителен мотив со ПСЖ да ги освои сите трофеи, се врати во губитнички тим. ПСЖ синоќа запиша уште еден пораз во 2023 година. Загуби од Баерн Минхен на „Паркот на Принцовите“ во 1/8 финалето во Лигата на шампионите со 0-1. Сега на ПСЖ ќе им треба победа на реваншот во Минхен ако сакаат да продолжат во следната фаза.
Очигледно е дека во ПСЖ има „раскол“. Секојдневни се пишувањата за караници меѓу фудбалерите, а колку тие и да демантираат и да велат дека сето тоа е нормално, резултатите покажуваат нешто друго.
Тренерот Кристоф Галтије веќе долго време се жали на играта во дефанзива затоа што примаат премногу гола, а кулминираше после поразот од Монако кога наводно во соблекувалната на Парижаните било хаотично, па имало дури и конфликт меѓу играчите и спортскиот директор.
ПСЖ минатата недела испадна и од Купот на Франција. Тимот има пет порази во 2023 година, а екипата во целата 2022 година имаше само четири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА