ПСЖ стигна до титулата пред да излезе на терен

Фудбалерите на ПСЖ прославија уште една шампионска титула, овојпат уште пред да излезат на теренот на вечерашниот натпревар на „Паркот на принцовите“ против Монако.

Причина – ремито на второпласираниот Лил на денeшното гостување во Тулуз, со што фудбалерите на Лил и математички веќе ги загубија теоретските шанси дека би можеле да ги стигнат „светците“ на табелата.

Освојувањето на титулата е апсолутно очекувано, но Тухел е свесен дека мора што поскоро да ја прекине серијата порази во француското првенство, пред да ја загуби довербата на челниците на клубот. Нејмар би требало да одигра дваесетина минути од вечерашниот меч со Монако, а интересно ќе биде да се види дали Тухел ќе ги смири страстите со Мбапе, кој беше казнет од страна на германскиот стратег и воопшто не настапи при последниот пораз од Нант.

Се вчитува...