ПСЖ свика состанок за конфликтот Мбапе-Нејмар, ќе присуствуваат Галтие и Кампос

ПСЖ искажа загриженост за конфликтот помеѓу Килијан Мбапе и Нејмар, и ќе се обидува да го реши со состанок кој бил свикан за денеска, открива „Л’Екип“. Бразилецот по мечот со Монпелје искажа незадоволство од одлуката Мбапе да ги изведува пеналите.

Дополнително, имаше информација дека Мбапе побарал да биде продаден Нејмар.

Сега клубот ќе свикува состанок, на кој ќе присуствуваат главниот тренер Кристоф Галтие и спортскиот директор Луис Кампос. Се очекуваат повеќе детали вечерва, но тешко дека ПСЖ ќе се согласи да го продаде Нејмар, кој го плати од Барселона 222 милиони евра.

Се вчитува...