Тренерот на Спортинг од Лисабон, Рубен Аморим е прв пик на новиот спортски директор на клубот, Луис Кампос, тврди „Ле Парисиен“. Аморим е поранешен тренер на Каса Пио и Брага, со Спортинг има договор до 2024 година, но „светците“ веруваат дека со отштета од десетина милиони евра ќе успеат да го доведат овој стратег, кој поради начинот на мотивирање на своите фудбалери го има прекарот „Новиот Мурињо“.
Овој 37-годишен стратеег на клупата треба да го замени Маурисо Покетино. Аргентинецот не ги исполни очекувањата и целите кои беа поставени пред него и јасно е дека летово ќе добие шут-карта, зааедно со директорот Леонардо кој го донесе на „Паркот на принцовите“.
Зинедин Зидан долго е „прв пик“ кога станува збор за потрагата по нов тренер на ПСЖ, но екс-стратегот на Реал премногу размислува, чекајќи понуда на крајот од сезонава да стане селектор на Франција. Ваквото двоумење на Зизу ги фрустрира катарските газди на ПСЖ, кои нема да чекаат долго, па решија паралелно да почнат разговори и со Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА