ПСЖ тргна уште еднаш против Реал и сака да го премисли Чуамени

Реал Мадрид прави крајни напори да го доведе играчот на Монако, Орелиен Чуаемни. Репрезентативецот на Франција се очекува да биде еден од ѕвездите на преодниот рок, и блиску е до потпис со „кралевите“. Меѓутоа Марка објавува дека Чуамени бил лично повикан од Јирген Клоп и Килијан Мбапе за да го смени мислењето и дојде во Ливерпул, односно ПСЖ, но ги одбил затоа што ветил дека ќе биде дел од Реал.

Така тимот од Мадрид ги забрзал преговорите откако дефинитивно беше јасно дека Мбапе не доаѓа во мадрид. Играчот од средниот ред доаѓа во Реал со оглед дека останаа парите кои беа за Мбапе. Чуамени исто така е скап, неговата сума во моментов достигна до 100 милиони евра.

Марка пишува дека оваа цена ја кренал токму ПСЖ кој му понудил многу подобри услови, и со тоа уште еднаш тргна против Реал. Се шпекулира дека Парижаните намерно влегле во преговори со играчот од средниот ред, само да ја кренат цената. Во ПСЖ биле бесни откако Флорентино Перез се обидел да му го земе Мбапе како слободен играч, па сега бараат начин за одмазда.

Но, и покрај тоа играчот е блиску до Реал, и покрај мешањето од Париз.

Се вчитува...