ПСЖ тргнува по Дајот Упамекано

Францускиот првак Пари Сен Жермен ги одреди приоритетите за летниот преоден рок. Томас Тухел сака да ја засили одбраната со квалитетен фудбалер. Откако стана јасно дека Килијан Мбапе и Нејмар речиси сигурно ќе останат на „Паркот на принцовите“ и следната сезона, „светците“ се фокусираат на ангажман на дефанзивец. По разделбата со Тијаго Силва, потребен е нов фудбалер кој ќе може да влезе во ротација со Маркињос и Кимпембе.

Тухел побара од раководството на ПСЖ да го доведе Дајот Упамекано, дефанзивецот на Лајпциг. Германскиот стратег не може да ги чека исцерпувачките преговори со Аурелио де Лаурентис за Калиду Кулибали и одлучи да го има Упамекано во тимот за наредната сезона. Тоа би го чинело францускиот првак околу 60 милиони евра, а во трката се и англиските премиерлигаши Арсенал, Челси и Манчестер Сити и италијанскиот првак Јувентус.

Се вчитува...